|
Флорозон е невладина, непрофитабилна и неполитичка организација која работи на заштита на природната средина и одржлив економски развој. Мисија на организацијата е унапредување на човековата средина преку користење и промоција на фундаменталните човекови права за здрава животната средина, како и обезбедување на континуиран општествен одржлив развој ,овозможувајќи подобар животен квалитет и побезбедна животна средина. Цели: -решавање на проблеми со животната средина и обезбедување на континуиран одржлив развој на општеството, преку примена на еколошкото право; -соединување на фундаменталните принципи на екологијата и правдата преку интернационалното право; -силен национален правен систем за животна средина; -едукација и тренинг на одредени целни групи за животна средина
Методи на работа: - тренинзи - кампањи -лобирање и застапување -адвокатска и бесплатна правна помош -семинари -конференции -јакнење на капацитетите -истражување
|
|