Frontpage Slideshow | Copyright © 2006-2011 JoomlaWorks, a business unit of Nuevvo Webware Ltd.
Print
PDF
15
Feb

Повик за консултантски услуги

Согласно правиликот за набавки на услуги и проектните активности предвидени со проектот “Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода“, за потребите на реализирање на буџетската линија 5.6.4, ЦЕД Флорозон од Скопје распишува:

П о в и к

За ангажирање на тематски експерт - за подготовка и спроведување на тренинг модул за зајакнување на знаењата во доменот на вода, водни ресурси, водни политики и реформи на законската регулатива која ги третира водните политики

Центарот за Eколошка Демократија ФЛОРОЗОН од Скопје во рамките на проектот: “Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода“,финансиски поддржан од Секторот за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) во рамките на Министерството за Финансии на Република Македонија како дел од програмата за: “Зајакнета вклученост на граѓанското општество во реформите на патот кон ЕУ интеграциите” објавува повик за ангажирање на експерт/консултант за подготовка и спроведување на тренинг модул за зајакнување на знаењата во доменот на вода, водни ресурси, водни политики и реформи на законската регулатива која ги третира водните политики и ке даде експертски придонес на настанот: Национална тркалезна маса во рамките на горе наведениот проект.

Процедура за аплицирање и потребните критериуми се опишани во описот на работната задача. Уредно пополнетата докумeнтација да се достави најдоцна до 16.00 часот на 23.02.2018 година.

Ненавремена, нецелосна и некомплетна документација нема да биде разгледана.

Со почит,

ЦЕД Флорозон, Скопје,

Проект: “Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода“

ECO CALENDAR

May 2018
M T W T F S S
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Пријава за учество