Print
PDF
07
Sep

ОДРЖАН ПРОМОТИВЕН НАСТАН ВО БИТОЛА ВО РАМКИ НА НАЦИОНАЛНА КАМПАЊА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ИНКЛУЗИВНО УПРАВУВАЊЕ СО ВОДАТА

 

Почитувани, Центарот за Еколошка Демократија Флорозон и Организацијата на Потрошувачите на Република Македонија во соработка со организацијата “Сфера„ од Битола, како дел од националната кампања за промоција на инклузивно управување со водата, денес на 07ми Септември 2018 година со почеток во 13:00 часот, на градскиот плоштад во Битола го реализираше првиот промотивен настан. Овој настан се организира во рамките на проектот “Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода“, финансиран од Европската Унија.

Целта на промотивниот кампања е подигнување на свеста кај граѓаните и другите општествени чинители за важноста на добрите практикипри управувањеро со водните ресурси како и укажување на потребата за поголема застапеност на граѓаните и граѓанските здруженија про процесот на реформите во водните политики. Кампањата врши промоција на досега спроведените проектни активности, и ги презентира можностите за учество на јавноста при формирање и спроведување на локалните политики за управување со водните ресурси.
Севкупната цел е поставена на неспорната премиса дека граѓанскиот сектор има ограничени капацитети за учество управување со водите и управување со што, процесот на учество на јавноста, како што е предвидено од страна на национално, европско и меѓународно законодавство реално е попречено при што истите ги прави неодржливи, во делот на активно учествување во креирањето, спроведувањето и мониторингот на националните и локалните политики за управување со водите.

ИНФОРМИРАЈ СЕ И АКТИВНО ДЕЛУВАЈ!

Битола 07-09-2018 Битола 07-09-2018

Со почит,
Кирил Ристовски
Претседател
ЦЕД Флорозон Скопје

ECO CALENDAR

December 2018
M T W T F S S
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Пријава за учество