Print
PDF
11
Sep

ПРОМОТИВЕН НАСТАН ВО ШТИП

 

Штип 11-09-2018Здружението на граѓани - Центар за еколошка демократија Флорозон од Скопје во соработка со Оганизација на потрошувачите на Македонија и  организацијата на потрошувачите на град Штип на 11ти Септември 2018 година, организираше промотивен настан во центарот на градот Штип на локација Стара стоковна куќа НАМА,  со почеток во 12.00 часот.

Целта на промотивниот настан беше подигнување на свеста кај граѓаните и другите општествени чинители за важноста на добрите практики при управувањето со водните ресурси како и укажување на потребата за поголема застапеност на граѓаните и граѓанските здруженија при процесот на реформите во водните политики.

Преку оваа кампањата граѓани , граѓански организации, медиуми имаа можност да се запознаат повеќе за спроведените проектни активности, за можностите за учество на јавноста при формирање и спроведување на локалните политики за управување со водните ресурси, како и занивно вклучување преку соработка со формираната Национална Хирдо мрежа.

ECO CALENDAR

October 2018
M T W T F S S
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Пријава за учество