Print
PDF
05
Oct

Промотивен настан во Прилеп за инклузивно управување со водата

 

Центарот за Еколошка Демократија Флорозон и Организацијата на Потрошувачите на Република Македонија во соработка со Невладината организација - Здружението за Перспективна Интеграција и Развој, Рома Перспектив од Прилеп, како дел од националната кампања за промоција на инклузивно упрaвување со водата, на ден 4ти Октомври 2018 година со почеток во 12:00 часот, во центарот на Прилеп (локација: СААТ КУЛА) организираа промотивен настан.

Во насока на спроведување на Националната кампања за промоција на инклузивно управување со вода граѓаните имаа можност да се запознаат за важноста на добрите практики при управувањето со водните ресурси, можностите и потребите за поголема застапеност на граѓаните и граѓанските здруженија при процесот на реформите во водните политики како и нивно учество при формирање и спроведување на локалните политики за управување со водните ресурси.

 

Вклучете се во подршка на оваа кампања и учествувајте во одбележувањето на централниот настан во Скопје.

 

 

ECO CALENDAR

October 2018
M T W T F S S
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Пријава за учество