Постапувајќи согласно одредбите во рамките на програмата СМАРТ БАЛКАН - ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО ЗА ПОВРЗАН ЗАПАДЕН БАЛКАН, референтен број на проектот: SB MKD NI 01/2023-003, Здружение на граѓани Флорозон - Центар за Еколошка Демократија Скопје објави ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ за ангажирање на двајца експерти за подготовка и реализација на дводневна работилница за еколошка антикорупција.
Ве известуваме дека Рокот за доставување на понуди во согласност со повикот е продолжен до 06.11.2023 година.
Со Почит,
ЦЕД Флорозон проект „Механизам за превенција од корупција“