Проектот “Интеграција на еколошката правда во високото образование” има за цел да придонесе во напорите за развој и примена на еколошката правда во нашата земја.
Образованието има клучна општествена улога во обликувањето на вредносните ставови, националните политики и правните решенија во државите во врска со прашањата поврзани со животната средина.
Проектот кој е во партнерство со Правниот факултет “Јустинијан Први” опфати различен сет на активности како што се: компаративна анализа како еколошката правда е интегрирана во високото образование и научните наставни програми и во соседните региони и во земјите на ЕУ, подготовка на пет (5) есеи со кој ги потикна студентите од Правниот факултет “Јустинијан Први” да ги истражат и дискутираат практичните ефекти од примената на принципите на законот за животна средина во сценарија од реалниот свет, јавна кампања за подигнување свеста за прашањата за еколошката правда, важноста на одржливите практики и и промоција на учеството на јавноста во напорите за заштита на животната средина и финално одржување на тркалезна маса на 10 декември 2024 со наслов „Еколошки човекови права и еколошка правда – промоција, заштита и унапредување“.
Проектот е финансиски поддржан од Шведската меѓународна агенција за развој (SIDA) преку Глобалната програма за владеење на правото на "UNDP".
Прочитајте повеќе за препораките и заклучоците од комаративната студија “ИНТЕГРАЦИЈА НА ЕКОЛОШКАТА ПРАВДА ВО КУРИКУЛУМИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ".