Здружението на граѓани ФЛОРОЗОН – Центар за еколошка демократија објавува Јавен повик за ангажирање на лице за подготовка на онлајн база на експерти во областа на животната средина. Активноста се проведува во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштитата на животната средина“.која се реализира со финансиска поддршка од Expertise France.
Зошто ја креираме базата?
Граѓаните, локалните заедници и граѓанските организации често немаат пристап до специфична стручна и научна поддршка (води, биодиверзитет, урбанизам, климатски прашања, еколошко право и др.) потребна за подготовка на аргументирани забелешки и коментари во процесите на јавни консултации. Преку оваа активност, ќе ја олесниме соработката меѓу локалните заедници и академската/стручната јавност, со цел поефективно учество во еколошкото одлучување.
Предмет на ангажманот
Ангажираното лице ќе биде одговорно за:
- изработка на методологија и структура на базата (категории и профили),
- дефинирање критериуми за вклучување и текст за приватност/согласност,
- иницијално мапирање на експерти преку desk research,
- подготовка и поддршка на онлајн формулар за пријавување (активен 1 месец),
- преглед и валидација на пријавите,
- финализирање на документ со 80–100 експерти и подготовка за објавување на веб-страниците на проектните партнери.
Кој може да аплицира?
Се охрабруваат да аплицираат кандидати со релевантно високо образование и искуство во области поврзани со животната средина (наука, инженерство, урбанизам, право, јавни политики и сл.).
Рок и начин на пријавувањe:
Рок за пријавување: 16.03.2026
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- CV,
- краток пристап/методологија (до 2 страници).
Пријавувањето се врши по е-пошта на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Наслов на е-пошта: „Апликација – лице за креирање база на експерти “
Документи:




