Почитувани,
Здружение на граѓани Флорозон во рамките на проектот “Механизам за превенција од корупција“ со број на договор SB MKD NI 01/2023- 003 за кои се обезбедени финансии од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка објавува:
Oглас за ангажирање на 1 (едно) лице за работна позиција Проектен асистент, со времетраење од 16 месеци.
Главните одговорности на проектниот асистент се:
- Подршка на проектниот координатор во организирање и спроведување на проектните активности;
- Учество во следењето и оценувањето на спроведувањето на активностите од програмата/проектот и навремено прилагодување на активностите во тесна комуникација со програмскиот координатор;
- Вклученост и подршка при јавните настани, работилниците, состаноците и останатите настани;
- Соработка и комуникација со донаторот на проектот;
- Комуникација и конекција со проектниот тим и останатите чинители;
- Навремена и ефикасна имплементација на проектните активности, согласно работните планови;
- Подготовка на документација, огласи, извештаи и останати материјали и објави на веб страна;
- Управува со административното и канцелариското работење за потребите на проектот;
- Управува со архивата и архивското работење на организацијата за потребите на проектот.
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома (предност завршени постдипломски или докторски студии);
- Работно искуство најмалку 5 години во граѓанскиот сектор на слични работни позиции;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Владеење на MS Office;
- Развиени аналитички и комуникациски способности, посветеност, лојалност, доверливост, вештини за организирање, капацитет за тимска и независна работа.
Заинтересираните кандидати треба да достават писмо за изразување на интерес и кратка биографија најдоцна до 12/06/2023 на e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или во извршната канцеларија на ЦЕД Флорозон на Ул. Никола Парапунов бр.41 лок.102 (зграда на Макотекс) со назнака: Апликација за проектен асистент
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
Ненавремена, нецелосна, некомплетна пријава и документација нема да биде разгледана.
Со почит,
ЗГ ФЛОРОЗОН- Центар за еколошка демократија Скопје