ЦЕД Флорозон започна со реализација на проектот „Со екологизам против насилен екстремизам“, кој ќе биде имплементиран во следните шест месеци. Целта на проектот е да се придонесе кон градење на општество отпорно на насилен екстремизам преку спроведување на активности за еко-активизам во општина Гази Баба, додека пак, целни групи се: Младите, учениците и вработените од основните училишта во општина Гази Баба , вработените во oпштината и други.
Во рамките на проектот ќе бида спроведени следниве главни активности:
- Проценка на сензитивноста за насилен екстремизам во основните училишта во општина Гази Баба
- Подготовка и дисеминација на едукативен материјал за превенција од насилен екстремизам
- Организација на еко-активистички настан
Успешната реализација на проектот ќе придонесе кон постигнување на следниве резултати:
- Зголемено знаење за последиците од насилниот екстремизам
- Зголемена еколошка свест
- Подобрени интер-етнички односи помеѓу младите
Проектот ќе биде имплементиран со суб-грант добиен во рамките на проектот „Активно вклучување и влијание на граѓанското општество, владините и невладините чинители во П/СНЕ во Северна Македонија“, раководен од страна на Отворена Порта Скопје, финансиран од страна на Европската Унија.