Целта на оваа алатка е да го олесни пријавувањето на разумно сомневање или сознание дека е извршено, се извршува или е веројатно дека ќе се изврши казниво, неетичко или друго незаконито или недозволиво постапување во јавниот и приватниот сектор, со кое се повредува или загрозува јавниот интерес за заштита на животната средина, како и подобрување на транспарентноста на поднесените пријави, односно нивното следење.
Притоа, Флорозон не е субјект кој е надлежен за пријавување согласно Законот за заштита на укажувачите и истиот се јавува како посредник до надлежните институции согласно законот, односно Министерството за внатрешни работи, Државната комисија за спречување на корупцијата, Народниот правобранител и Јавното Обвинителство.
Со поднесената пријава преку оваа платформа не се стекнувате со статусот на укажувач, но можете да го изберете степенот на доверливост следејќи ги релевантните прописи и притоа да изберете дали сакате да ја поднесете пријавата целосно анонимно, да оставите контакт податоци за да комуницирате со Флорозон, но да ја задржите анонимноста пред надлежните органи, или да го откриете вашиот идентитет.
Вашите лични податоци нема да бидат објавувани јавно, а информациите содржани во пријавата нема да се употребуваат на начин на кој ќе му нанесат штета на пријавувачот.
Напоменуваме дека во случаите на поведување на постапка пред надлежните органи по поднесена пријава преку оваа алатка, лажното пријавување и неовластеното снимање може да биде гонето согласно Кривичниот законик (чл. 366 и чл.152).
|