Постапувајќи согласно одредбите во рамките на програмата СМАРТ БАЛКАН - ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО ЗА ПОВРЗАН ЗАПАДЕН БАЛКАН, референтен број на проектот: SB MKD NI 01/2023-003, Здружение на граѓани Флорозон - Центар за Еколошка Демократија Скопје објавува ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ за за обезбедување услуги за Подготовка на промотивно видео и Дигитален онлајн маркетинг
Според Б.Л. 10.1.2 Подготовка на промотивно видео и Б.Л. 10.1.3 Дигитален онлајн маркетинг
Почитувани,
Центар за еколошка демократија Флорозон во рамки на проектот „Механизам за превенција од корупција“, Ве поканува да учествувате во постапка за обезбедување услуги за Подготовка на промотивно видео и Дигитален онлајн маркетинг. Целосната документација е приложена кон ова писмо и содржи:
- Упатства за понудувачите
- Aнекси:
- Анекс I Опис на работна задача
Краен рок за поднесување на апликации е 28.06.2024 година
Со Почит,
ЦЕД Флорозон проект „Механизам за превенција од корупција“