Со оваа објава би сакале да објавиме демант на статијата објавена на САКАМДАКАЖАМ.МК (sdk.mk), објавена на 6-ти Јули 2023 година, од страна на новинарката Б. Нестороска.
Имено, насловот на статијата БАНДЕРИ СЕ ПОПИШУВААТ КАКО ЗЕЛЕНИЛО, ОТИ НЕСТРУЧНИ ЛИЦА РАБОТАТ ВО ГРАД СКОПЈЕ, која е наведена како цитат на претседателот на Флорозон, Кирил Ристовски, е целосно извадена од контекст, со оглед на фактот што Кирил Ристовски во текот на своето излагање и презентација не кажа дека нестручни лица работат во Град Скопје, туку напротив, дека Градот Скопје се соочува со недостаток на човечки и технички ресурси за управувањето со Зелениот катастар.
Сметаме дека насловот на статијата е целосно тенденциозен, не-вистинит и е дело на непознавање на проблематиката на наведената новинарка, која е потпишана како автор на текстот.
Со оглед на тоа што настанот е документиран во форма на видео запис, укажуваме на можноста за преглед на истиот, со цел утврдување на вистината.
Здружението за еколошка демократија Флорозон, претставувано од претседателот Кирил Ристовски, се оградува од насловот на текстот и од одговорноста за претрпена било каква штета или навреда до правни субјекти или физички лица.
Линк до статијата: https://sdk.mk/index.php/sakam-zeleno/klimatska-akcija/banderi-se-popishuvaat-kako-zelenilo-oti-nestruchni-litsa-rabotat-vo-grad-skopje-veli-kiril-ristovski-od-graganskoto-zdruzhenie-florazon/