Почитувани соработници,
На основа на претходно воспоставената соработка, со задоволство Ве покануваме да бидете дел од проектните активности на Флорозон, во областа на борбата против корупцијата и воспоставување на демократија во животната средина.
Главна цел на проектните активности е да се даде придонес во борбата против корупцијата преку воспоставување соработка и партнерство помеѓу граѓаните и клучните антикорупциски институции и нивните соодветни тела. Дополнително, проектните активности ќе бидат насочени кон оспособување на граѓанските организации за креирање и имплементирање на законски акти и политики, како и да ја зајакнат својата улогата за застапување и надзор.
Целна група на проектните активности се претставници на граѓанските организации од сите осум плански региони кои работат во областа на животна средина, човековите права, јавните политики, млади, претставниците на институциите надлежни за развој и имплементација на анти-коруптивни политики во областа на животната средина, ДКСК, МЖСПП, Канцелариите на Омбудсманот, претставници на локалната самоуправа.
Во таа насока, Ве покануваме да се приклучите кон реализацијата на проектните активности преку пополнување на пријавата на следниов линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeJptTtBoLO93HS6Rx4gwrq45RFWP9bEd4rqIhVidX2GCwRzQ/viewform
За повеќе информации можете да ни се обратите на +38978430251 и на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Ви благодариме однапред за соработката и во очекување сме на Вашите пријави!