Во рамки на проектот „Граѓански мониторинг за одговорно управување со водите“, кој има за цел да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за следење и мониторинг на управувањето со водите, потребен е ангажман на експерт со експертиза во областа на политиките за води, правната рамка, и управувањето со речни сливови. Проектот е насочен кон идентификација на слабости во имплементацијата на законската рамка и изработка на алатки за граѓански мониторинг.
Проектот „Граѓански мониторинг за одговорно управување со водите“ е спроведуван од Здружението на граѓани ФЛОРОЗОН-Центар за еколошка демократија Скопје, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан", имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.
Сите детални информации и услови за учество на повикот се достапни на следниве линкови:
Краен рок за аплицирање: 13.02.2025
Понудите треба да бидат испратени на електронската адреса This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или да се достават во извршната канцеларија на ФЛОРОЗОН, на адреса: ул. Никола Парапунов бр. 41, Макотекс, локал 102, 1000 Скопје, со назнака: „Експерт за обуки и градење на капацитети“.




