Во рамки на проектот „Граѓански мониторинг за одговорно управување со водите“, кој има за цел да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за следење и мониторинг на управувањето со водите, се објавува повик за услуги за дизајн и печатење.
Проектот „Граѓански мониторинг за одговорно управување со водите“ е спроведуван од Здружението на граѓани ФЛОРОЗОН-Центар за еколошка демократија Скопје, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан", имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.
Сите детални информации и услови за учество на повикот се достапни на следниве линкови:
Понудите мораат да се поднесат најдоцна до 21.01.2026 година до 16 часот на следнава електронска адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. со назнака: „Понуда за дизајн и печатење“ или во извршната канцеларија на адреса: Никола Парапунов бб, 1 кат- 102 Скопје. Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да се разгледува.Со почит,
ЦЕД Флорозон




