Во рамки на проектот „Граѓански мониторинг за одговорно управување со водите“, кој има за цел да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за следење и мониторинг на управувањето со водите, потребен е ангажман на експерт со експертиза во областа на политиките за води, правната рамка, и управувањето со речни сливови. Проектот е насочен кон идентификација на слабости во имплементацијата на законската рамка и изработка на алатки за граѓански мониторинг.
Проектот „Граѓански мониторинг за одговорно управување со водите“ е спроведуван од Здружението на граѓани ФЛОРОЗОН-Центар за еколошка демократија Скопје, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан", имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.
Цели на ангажманот:
Главната цел на ангажманот е да се обезбедат стручно знаење и стратешки насоки за:
Клучни задачи и одговорности:
Сите детални информации и услови за учество на повикот се достапни на следниов линк:

- Анализа и дефинирање на клучните области за мониторинг на спроведувањето на политиките за управување со водите;
- Поддршка во изработка на практичен прирачник за мониторинг.
Клучни задачи и одговорности:
- Спроведување кабинетска анализа на националната и ЕУ законска рамка поврзана со управување со води;
- Мапирање на институционалните обврски и актери во управувањето со водите;
- Предлог за индикатори и области за мониторинг, вклучително и примена на СВАП (SWAP – Stream and Watershed Assessment Protocol) методологија;
- Придонес во развој на прирачникот за мониторинг;
- Подготовка на краток аналитички документ (policy brief) за институционалните предизвици и можности за подобрување на управувањето со водите;
- Учество во пилот мониторинг акција и поддршка во подготовката на мониторинг извештајот
- Учество на работни средби и јавни настани, по потреба.
Сите детални информации и услови за учество на повикот се достапни на следниов линк: