Во рамките на проектот„Механизам за превенција од корупција“, од 27-29 Ноември во хотел Аквалина – Охрид, се одржа обука насловена како “Вовед во еколошка корупција”. Учесници и активен придонес во спроведувањето на обуката беа над четириесет претставници на основните судови, јавното обвинителство, граѓанските организации, младите, претставниците на институциите надлежни да развој и имплементација на анти-коруптивните политики во областа на животната средина и претставниците на локалната самоуправа.
За време на дводневната обука, предводена од искусни експерти од областа и претставници на национални институции, граѓански организации и новинари, учесниците имаа можност да научат/дознаат повеќе на следниве теми:
- Што претставува корупцијата
- Корупција во животната средина
- Преглед на законската рамка за борба против корупцијата
- Преглед на институционалната рамка за борба против корупцијата
- Улогата на инспекцискиот надзор во превенцијата од корупцијата
- Улогата на граѓанскиот сектор во борбата против корупцијата
- Улогата на медиумите во борбата против корупцијата
- Меѓународни институции и нивна надлежност во борбата против корупцијата
- Друго
За време на обуката, на присутните им беа презентирани и студии на случај во Северна Македонија, како и примери на судска пракса во областа на еколошката корупција. Воедно, учесниците имаа можност за дополнително вклучување и интеракција преку вклучување во дискусиите, како и учество во интерактивна вежби за идентификација на корупцијата во животната средина.
Во рамките на последната сесија за време на обуката, беа утврдени и следниве заклучоци и насоки, кои треба да послужат за спроведување на следни активности во рамките на проектот, но и во целокупната борба против корупцијата во животната средина:
- Еколошката корупција е евидентно присутна на сите нивоа на управување со животната средина;
- Констатирани се системски слабости во идентификацијата и справувањето со корупцијата во животната средина;
- Во насока на адресирањето на еколошката корупција, неопходно е да се изврши проценка на ризици од корупција во сите сектори/области на управување со животната средина, а на основа на резултатите и препораките, да се усвојаат стратешки и акциски планови за борба против истата;
- Со оглед на ниските капацитети во доменот на еколошката корупција и нискиот интегритет, се препорачува воведување на адаптирана програма за континуирана едукација на органите на државната управа со надлежности за вршење надзор во животната средина на локално и на централно ниво;
- Со оглед на евидентираните случаи на корупција, неопходно е воведување на контролни механизми за превенција од корупција во Државниот инспекторат за животна средина;
- Воспоставувањето на механизам за пријавување на еколошка корупција, значително би ја олеснило комуникацијата помеѓу граѓаните и надлежните анти-корупциски институции;
- Во таа насока, потребно е спроведување на јавна кампања за едукација на јавноста и градење на јавната свест;
- Исто така, неопходно е да се изготви патоказ за остварување на еколошката правда преку владеење на правото во сите сегменти на правосудниот систем;
- Во функција на владеењето на еколошкото право, се препорачува децентрализација на јавните финансии во насока на остварувањето на целите на реформите во јавниот сектор;
- Неопходно е дополнително зајакнување на постоечките капацитети на Основното јавно обвинителство во доменот на еколошкотото право;
- Во насока на овозможување на конзистентност во владеењето на правото, во рамките на Основното јавно обвинителство и МВР се пропорачува отворање на одделенија за еколошки криминал;
- Во насока на равојот на капацитетите на ОЈО и МВР и хармонизацијата на националното законодавство со EU acquis, потребно е остварување на континуирана соработка со граѓанските организации и со меѓународните анти-корупциски институции и тела;
Проектот „Механизам за превенција од корупција“ работи на зајакнување на улогата на граѓанските организации во спречувањето на корупцијата во животната средина преку унапредување на постојните капацитети и преку обезбедување ефикасен механизам за комуникација и соработка со државните антикорупциски институции и нивните соодветни тела.
Очекувани резултати од проектот се:
- Зголемено влијание и зајакната улога на граѓанското општество во креирањето спроведувањето на јавните политики;
- Создадена овомозможувачка средина за локалните конституенти во адресирањето на копрупцијата во животната средина;
- Зајакната јавна свест за импликациите на корупцијата врз животната средина
Проектот е финансиски поддржан од Кралството Норвешка, преку проектот SMART Balkans.
За повеќе информации поврзани со обуката и со целокупниот проект, можете да не контактирате на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или на телефон 078430251